5
дек
2014
Мафини од тиква
Во поголем сад прво се мешаат сувите состојки, брашното, зачините, пецивото, содата.
Во друг поголем сад се матат путерот и шеќерот, потоа се додаваат јајцата едно по едно, убаво се мати, се додава ванилата и таа убаво се мати и на крај се додава пирето од тиква. Се мати да се добие хомогена смеса. На сето ова се додава претходно измешаното брашно со другите состојки. Се мати убаво.
Се распоредува во хартиени калапчиња и се пече во предходно загреана рерна на 180 степени од 15-20минути.
Откако ќе се оладат, одозгора се декорираат со шлаг од слатка павлака и чоколадни трошки.
Пријатно јадење
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови