Уште еден есенски рецепт со тиква…
Подготовка.
1. Помешајте ги во посебен сад сите суви состојки.
Во друг сад пенасто изматете го путерот со шеќерот и додадете ги јајцата едно по едно соединувајки ја смесата.Путерот треба да ви е на собна температура пред миксирање.Во него на крај додадете ги сувите состојки и повторно промешајте.
Смесата поделете ја на два еднакви дела и во едната половина додадете го какаото.

2.Во калапот за мафини ставете ги хартиените корпи и најизменично сипувајте од жолтиот па од темниот фил за да добиете шарен ефект.
Печете во загреана рерна на 200степени околу дваесетина минути.
Забелешка
И кај ова тесто за мафини доколку сте во можност може да си додадете суво овошје урми,суво гројзе и др.Може целото тесто да го печете во правоаголен калап да сечете коцки и да посолите со шеќер во прав.Украсете со шлаг крем.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани