Маринирани скуша филети
Скушите ги расекуваме на пола ја вадиме внатрешноста, им ја одстрануваме главата и добро ги миеме.
Цедениот лимон го мешаме со ситно исечканиот лук, зејтинот, мешаниот зачин, биберот, солта, магданосот, ориганото и ги маринираме рибите.
Јас маринадата ја правам еден ден порано, скушата има јак мирис и е многу по вкусна да остане подолг период во маринада. Скушите ги печеме на скара, но може да се печат и во релна. Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани