Мали пици со прекрасно тесто
Рецептот што сега ви го презентирам го пронајдов во* Детски родендени и прослави* од Мирјана Смилева.
Во малку вода разматете го квасецот, додадете лажичка шеќер, малку брашно и се измешајте. Оставете на топло место да надојде. Брашното просеано секако, го ставаме во сад за месење правиме кратер во средина и го додаваме квасецот, солта, зејтинот и изматените јајца.
Во оригиналниот рецепт пишува 600 грама брашно на мене ми беа потребни 570 грама, од остатокот малку потрошив за посип. Но секако зависи и од самото брашно. Вода ми требаше околу 300 мл, во рецептот 200 мл, значи сами треба да процените колку попрецизно ќе ви треба.
Тестото да ни биде средно замесено. Го оставаме тестото да стаса 30 минути.
За тоа време го спремаме филот.Јас го правев со мелено месо и шампињони. Го пропржуваме со зејтинот малку месото и ги додаваме шампињоните. Додаваме од спремените зачини, пржиме уште неколку минути и тргаме настрана.
За вториот фил ја сецкаме шунката, го рендаме сирењето и шампињоните на листови и ги промешуваме со павлаката. Тестото го развиваме во кора дебелина 1 цм, па со калап дијаметар 10 цм или чаша со тој размер вадиме кругови. Со помал калап 7,5 цм или чаша вадиме од друг круг прстен кој го ставаме врз првото кругче. Ги редиме во подмачкан плех со маргарин. Врз секоја вдлабнатина од кругчињата премачкуваме прво со кечап и ставаме лажица од филот. НАПОМЕНА Доколку го замесувате тестото со покрупни јајца брашното може да ви варира со плус 50 до 70 грама.
Ги премачкуваме со јајце. Се печат на 200 степени во загреана рерна, веднаш околу 10 до 15 минути во зависност од јачината на шпоретот. Тестото многу ми се допадна, меко е како памук. Од сега ќе го користам за пици, пастрмајлии, а може и за кифли, бидејки навистина е многу убаво. Можете да видите на сликите на пресекот од пиците. Ви го препорачувам да го пробате. Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани
тестово навистина личи прекрасно, а за полнење веќе го таксав со пудинг и џем како капаче :) :) :) :)
Da Ludo,lici i toa kako hehe da si go pofalam.Probaj takva varijanta pa ke cekam mislenje ovde.Moze i so sekerce.Pozdrav.