14
фев
2014
Малинести срца
Во пресрет на денот на вљубените подарете на вашите сакани нешто убаво и изработено од вас. Прекрасен спој на малинасто уживање обвиткано во чоколада.
Фил
За филот може да се искористат и смрзнати малини. Малините заедно со шеќерот и водата се ставаат да зовријат. Кон зовриената смеса се додава разматениот пудинг и желатинот. Смесата се меша и се остава добро да се олади.
Силиконските калапи се премачкуваат со растопената чоколада во 3 слоеви, а потоа се полнат со филот и се затвораат со чоколада.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела