18
фев
2014
Лиснати вафли
Ова е повеќе идеја отколку рецепт.
Јас сум воодушевена од крајниот резултат, никогаш побрзо не сум направила толку убави вафли.
Загрејте го добро пекачот за вафли.
Лиснатото тесто (јас редовно го користам мојот рецепт за брзо лиснато) малку расучете го. Исечете парчиња со димензии на калапот. На едното парче ставете од филот, само не до крајот за да не ви истекува и преклопете го со друго парче. Ставете го да се пече. Додека не се испече не го стегајте тостерот, дозволете лиснатото да нарасне. Брзо оди печењето, кога ќе заруменат, вафлите се готови...
Лиценца: Сите права се задржани