Во сад за матење ги ставаме јајцата и шеќерот и добро ги уработуваме. Го додаваме зејтинот, млекото, добро промешуваме, На крајот го додаваме брашното во кое претходно е додадено пецивото и ванилата.
Со бркалка добро промешуваме за да не ни останат грутчиња од брашното. Апаратот за вафли го вклучуваме на 3 или зависно од јачината на вашиот, подмачкуваме со малку маргарин на почетокот. За времето на печење ќе оцените сами или околу 5 минути. Можете да ги споите со мармалад или крем, а вкусни се и така.
Овој рецепт ни е одомакинет и често се прави во мојот дом. Овојпат ги правеше ќерка ми .Од оваа смеса излегуваат многу вафли,а ако сакате можете да направите половина доза.
Ви посакувам добар апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани