19
авг
2013
Лисната овошна пита со капини и бело вино
Овошјето, шеќерот, водата и виното се ставаат во тенџере на умерен оган да се динста околу 15на минути.
Густинот се разматува со малку вода и на крај се додава во тенџерето. Се меша додека се добие овошен крем.
Лиснатото тесто со оклагија се развлекува на набрашнеста површина и се става врз подмачкан калап, така што ќе ги опфати и страничните делови. Се покрива со пек хартија и се печи 15на минути на 200Ц.
Врз печеното лиснато тесто се става овошниот фил.
Одозгора се украсува со шлагот приготвен спрема упатството на кесичката и по некое зрно овошје.
Лиценца: Сите права се задржани
A za BT ja doagam vo petok pa ako ima ostanato nekoe parce, da ti pominam i jas :-)
Дани, виното во составот мене лично ми создаваше скептичност, но како до сега сите колачи со вино кои сум ги пробала ми се допаднале се одлучив да пробам и да жртвувам дел од собраните капини. Колачот успешно преживеа на задоволство на сите кои го пробавме :)
Слаџе, капини има во најблиската ливада и готови собрани на зелено пазарче :) Првата берба кај мене се потроши за 2 вида на колачи и една мала доза на џем, па сега барам активисти за повторно берење :) слободно можи да се пријавиш помеѓу доброволците :))) Овој пат берењето ќе им го искомбинирам и со пикник на трева (ајде одби ме сега да те видам ;) )
па и потписот толку убаво вклопен, мадмазел оди да те цунам :) :) :) :)
сакам да сум почесто тука, ама интернетов ми е крш. прави пали гаси и морам да се логирам по 1000 пати за да оставам еден коментар и често се откажувам. дем ит :) :) :) :)
Ja pravev so malini i vkusot e odlicen!
лиснатото тесто со нараснувањето има обичај малку и да се собери. јас кога го печев несвесно го избоцкав со вилушка, иако по рецептот не треба, хартија одозгора е потенцирано да се стави за време на печењето. го печев во срце калап и не сакав повисоко од ѕидовите да кревам за да добие убава форма. се собра и кај мене и мислев дека ова нема ништо да го наполни и на ништо нема да личи, но кога го ставив филот се си дојде поинаку, како на сликите. имам и слика одозгора само што ја филовав, не пишувам од мојот ком. сега ја немам при рака да видиш.
кога сме кај филот, јас стравував дека многу густ ќе ми дојди пак и густинот кога го ставав има помали големи лажици (хехе колку смешно звучи ова) и плус рамни ептен ги тресев. се здрви скоро веднаш. Во врска со него, би ти предложила да го вариш малку подолго време. Можеби има врска и ширината на тенџерето. моето беше плитко а широко, па побрзо испаруваше теечноста.
Eve ja slikav sinoka, otkako odstoja nekolku casa vo frizider. Filot odlicno si se stegna, dzabe panicev :))) A inaku sigurna sum deka e do gustinot, zasto i drugpat sum imala problemi so tukasniot gustin. Sledniot pat ke napravam taka so testoto kako sto veli Lile, ke go izbockam i vrz hartijata ke stavam gravcinja pa ke vidime sto ke bidne. Vkusot odlicen, osvezitelen....brzo se podgotvuva, pobrzo nemoze da bide :). Fala ti za receptov, ke bide so sigurnost i vo idnina podgotvuvan (naredniot pat ke bide isproban i vo bezalkoholna varijanta) :)
Битно е дека ви се допадна вкусот и дека ќе има следен пат со варијации,, па ќе ни јавиш споредба доколку не пробаме ние пред тоа ;)
:)))))))) веќе една недела збирам група деца од маало за берба на капини, и сите се доброволци, ама до сега никој јунак на мегдан :)))
Нема ништо отворено хехе... јас си тестирам способност во кујна, а блиските и околината ми се „заморчиња“ морам да им однесам да пробаат. Не дека тие бараат (срамежливи се хехе), ами мене тоа ми го дополнува задовоствотвото на она што ќе го направам, па ми доаѓа како јагода на шлаг :) Далеку сум јас од повеќе од ова :)))
Јас од старт две дози направив за да не плачеме зошто нема повеќе,но втората ја однесов на гостии и сите попаѓаа како пингвини на -100,ептен добро им одеше со кафенцето на сите :)