Лисната овошна пита со капини и бело вино
Состојки
- 250 гр лиснато тесто
- 250 гр овошје (овде се капини, а можи и со малини, јагоди или мешано)
- 250 мл бело вино
- 250 мл вода
- 4-5 лажици шеќер
- 3 лажици густин
- 1 кесичка шлаг пена за украсување
Подготовка
Овошјето, шеќерот, водата и виното се ставаат во тенџере на умерен оган да се динста околу 15на минути.
Густинот се разматува со малку вода и на крај се додава во тенџерето. Се меша додека се добие овошен крем.
Лиснатото тесто со оклагија се развлекува на набрашнеста површина и се става врз подмачкан калап, така што ќе ги опфати и страничните делови. Се покрива со пек хартија и се печи 15на минути на 200Ц.
Врз печеното лиснато тесто се става овошниот фил.
Одозгора се украсува со шлагот приготвен спрема упатството на кесичката и по некое зрно овошје.