24
ное
2014
Најбрза лисната пита со капини
Кога нема време за месење, киселата вода во комбинација со прашокот за пециво дава супер ефект близок на домашно лиснато.
1. Корите се оставаат да одмрзнат и се попрскуваат со мешавина од кисела вода со прашок за пециво. Се попрскува и малку масло.
2. Рерната се загрева на 200 степени.
3. Тавата малку се премачкува и се става кората, се става на половина од слаткото (по избор) се преклопува и се поврзува со прсти а може и со вилушка да се спојат краевите.
4. Се пече додека не зарумени, отприлика за половина час сте готови комплетно.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови