Лимон торта ( јубилеен 1100-ти рецепт)
Вообичаено кога имам јубилеен рецепт ми навираат премногу емоциии, па знам да напишам реферати. Сега ќе се обидам да бидам кратка колку што можам и да ве поздравам сите кои го сакате готвењето, добрата домашна храна и сите вас со кои ја делиме оваа иста љубов!
За овој јубилеен рецепт се одлучив да обмислам и ви ја претставам мојата освежителна кремаста лимон торта.
Подготовка
1. Се матат јајцата со миксер заедно со шеќерите да се волуменизираат.
2. Се додава медот и соединетите суви состојки, густинот и брашното. Се соединуваат со шпатула или може на најспора брзина со миксер.
3. Смесата се истура во намрсено и набрашнето тавче бр.24. Се пече во рерна на 180 степени со вентилатор или на 200 степени без вентилатор. Ја оставаме да излади па ја сечеме на три дела.
4. Желатинот го раствораме во 50 мл вода.
5. Жолчките, шеќерот, сокот и сирупот, водата и кората од лимон ги соединуваме со рачна маталка и ги ставаме да се сварат на ниска темепература. Додека се вари кремот постојано мешаме.
6. Откако смесата се згусне додаваме желатин, соединуваме и оставаме кремот да подизлади. Не треба многу да се стегне и го промешуваме со миксер. Му го додаваме пенасто изматениот путер, соединуваме.
7. Шлагот и ладното млеко ги матиме па во нив го додаваме кремот од жолчки. Филот ни е подготвен, ја филуваме тортата со тоа што ја редиме во калап бр.26, Кора-фил-кора-фил-кора-фил и од филот оставаме малку за кога ќе се стегне ако има потреба да ја дофилуваме од страните.
8. Откако ќе се стегне филот и соединат вкусовите, ја декорираме со пуслици кои сме ги подготвиле од белките што ни останале при подготовка на филот.
Забелешка
Пуслиците ги подготвив по овој рецепт
Лиценца: Сите права се задржани
Ubavo osvezitelno tortice si napravila
A puslicite.... Znaev deka ke bidat necija dekoracija
Pozz prijatelke
подготвен со мерак и без грижи!
Вале неуморна и вредна,
си стаса до нова бројка една!
Честитки од срце ти пуштам,
да имаш многу јубилеи уште !!!
Ti cuvam sekako
Валенце,честитки од срце. Преубава торта,како и сите останати твои десерти. Се радувам кога гледам убаво опишани рецепти, со сите нишани,а ти тоа го правиш во секое твое излагање на рецептот.
Честитки уште еднаш и голем поздрав од далечинава )))
и овој твој рецепт ни разбуди апетит, подготвен беспрекорно, презентиран со многу љубов за пренесување на знаењето во кујната, а носи и белег на иновативност во него - како и секој твој рецепт.
Тие што се подолго време на оваа страница можат да ги разберат длабоките чувства кои се взаемни кај сите нас при вашите јубилеи.
А тоа е и наша голема радост, дека на некој начин оставаме трага, споделуваме задоволство, и ги правиме малите моменти значајни за паметење за цел живот.
Ти благодариме за твоите 1100 рецепти и ти подаруваме Делимано Апарат за печење вафли, сендвичи, тостови и крофнички 4 во 1. Честитки!
Тимот на МоиРецепти
Продолжуваме да се радуваме заедно!
Ви благодарам за наградата на која особено се радувам особено за делот од апаратот за правење вафли, кој веќе подолго го немам во мојата кујна :)
А твоите пак фотки од природата и објектите во неа се моите омилени, одмор за очи ми се ;)
Ke kazam samo edno INSPIRACIJA SI.
Ti posakuvam uste mnogu emotivni jubilei.:*
честитки и за наградата, со здравје да се служи :)