Испечати

Лимон торта ( јубилеен 1100-ти рецепт)

Лимон торта ( јубилеен 1100-ти рецепт)

Состојки

  • За пандишпан
  • 5 јајца
  • 180 гр шеќер
  • 2 ванилин шеќер
  • 1 лажица мед
  • 75 гр густин
  • 150 гр брашно
  • За фил
  • 5 жолчки
  • кора од 2 лимона
  • 100 мл сок од лимон
  • 50 мл сируп од лимон
  • 50 мл вода
  • 200 гр шеќер
  • 10 гр желатин
  • 100 гр путер
  • 400 гр шлаг во прав
  • 400 мл млеко

Подготовка

Вообичаено кога имам јубилеен рецепт ми навираат премногу емоциии, па знам да напишам реферати. Сега ќе се обидам да бидам кратка колку што можам и да ве поздравам сите кои го сакате готвењето, добрата домашна храна и сите вас со кои ја делиме оваа иста љубов!
За овој јубилеен рецепт се одлучив да обмислам и ви ја претставам мојата освежителна кремаста лимон торта.

Подготовка
1. Се матат јајцата со миксер заедно со шеќерите да се волуменизираат.
2. Се додава медот и соединетите суви состојки, густинот и брашното. Се соединуваат со шпатула или може на најспора брзина со миксер.
3. Смесата се истура во намрсено и набрашнето тавче бр.24. Се пече во рерна на 180 степени со вентилатор или на 200 степени без вентилатор. Ја оставаме да излади па ја сечеме на три дела.
4. Желатинот го раствораме во 50 мл вода.
5. Жолчките, шеќерот, сокот и сирупот, водата и кората од лимон ги соединуваме со рачна маталка и ги ставаме да се сварат на ниска темепература. Додека се вари кремот постојано мешаме.
6. Откако смесата се згусне додаваме желатин, соединуваме и оставаме кремот да подизлади. Не треба многу да се стегне и го промешуваме со миксер. Му го додаваме пенасто изматениот путер, соединуваме.
7. Шлагот и ладното млеко ги матиме па во нив го додаваме кремот од жолчки. Филот ни е подготвен, ја филуваме тортата со тоа што ја редиме во калап бр.26, Кора-фил-кора-фил-кора-фил и од филот оставаме малку за кога ќе се стегне ако има потреба да ја дофилуваме од страните.
8. Откако ќе се стегне филот и соединат вкусовите, ја декорираме со пуслици кои сме ги подготвиле од белките што ни останале при подготовка на филот.

Забелешка
Пуслиците ги подготвив по овој рецепт