Се ренда лукот во помал сад и се додават белките. Се мати со миксер дури да стане како пена. Се додава 1/2 дл масло и се се мати пак, пак се додава 1/2 дл масло и се мати. Се мати дури да се потроши цело масло. Додадете на крај вода, малку сок од лимон и сол и измешајте убаво. Ставете во фрижидер малце да се здрви.
Овој намаз супер оди со скара, печено пиле, гиро, со солени бисквити или со чипс.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови