Лепче со спанаќ
Многу сакам да гледам кулинарски канали (особено 24Кујна) и испробувам рецепти кои се прикажуваат таму, но често ги модифицирам според состојките што во моментот ги имам.
Ова лепче во оригинална верзија е со магдонос, но бидејќи немав во моментот, решив да го направам со спанаќ. Рецептот го видов во емисијата на Јоли, ми се допадна, па ете, конечно го пробав.
1. Квасецот се меша со млекото, со шеќерот и малку брашно да се добие каша и се остава да кисне.
2. Спанаќот убаво се мие, па се блендира заедно со малку сол и киселото млеко или јогурт.
3. Брашното се меша со сол по вкус, па му се додава киснатиот квасец и маслото и се замесува тесто кое може да биде малку повеќе лепливо.
4. Се одделува една третина од тестото и се меша со пирето од спанаќ. По потреба се додава брашно, да се добие убаво и меко тесто.
5. Останатото тесто по потреба се замесува со уште малку брашно, да биде убаво и меко и се остава да кисне, како и зеленото тесто.
6. Од двете теста се сукаат правоаголни кори, со тоа што зелената треба да биде за еден прст помала од белата кора.
7. Се става зелената кора врз белата и се витка ролат.
8. Се кисне, се засекува одозгора и се пече 30-35 минути во загреана рерна на 200 степени.
Послужете го додека е топло.
Одвај успеав да го сликам, се изеде веднаш. Јас направив два ролати, да дојдат помали лепчиња како багети, бидејќи ми беше за гости.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови