Лепче со крцкава коричка
Во вангла ставете го брашното и во средината направете мала дупка во која ќе го изроните квасецот, ставете го шеќерот и малку вода. Оставете го така да скисни квасецот. Потоа додајте сол и постепено додавајќи вода измесете меко тесто. (десетина минути месете, да се појават меурчиња) Оставете го тестото на топло да се дуплира.
Потоа поделете го на 7 топчиња, користејќи плус брашно. Наредете ги топчињата во тепсијата во која ќе гопечете лебот, на средината едно, а другите 6 одоколу. Оставете ги и нив да се одморат половина час. За тоа време загрејте ја рерната на 220 степени. Кога ќе биде загреана ставете го лебот да се пече, а во исто време истурете на дното од рерната едно ракиено чаше вода и одма затворете ја рерната, пареата да остане внатре. Ќе се добие крцкава коричка. Печете дваесетина минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Леле ќе се фалам после со слика :)*
Јуле како и обично,супер рецепт
Mnogu ubavo napraveno, mnogu!!
Kako da e, me vlecelo ili ne, tvoite lepcina se ekstra, eve, slikani za makanje, so piper i nane :)))
Jas pak urban tip ke si bidam :)))