Испечати

Лепче со крцкава коричка

Лепче со крцкава коричка

Состојки

  • 600 гр брашно
  • 1 свеж квасец
  • 430 мл топла вода
  • 2 лажички шеќер
  • 2 лажички сол
  • 3 лажици масло

Подготовка

Во вангла ставете го брашното и во средината направете мала дупка во која ќе го изроните квасецот, ставете го шеќерот и малку вода. Оставете го така да скисни квасецот. Потоа додајте сол и постепено додавајќи вода измесете меко тесто. (десетина минути месете, да се појават меурчиња) Оставете го тестото на топло да се дуплира.
Потоа поделете го на 7 топчиња, користејќи плус брашно. Наредете ги топчињата во тепсијата во која ќе гопечете лебот, на средината едно, а другите 6 одоколу.  Оставете ги и нив да се одморат половина час. За тоа време загрејте ја рерната на 220 степени. Кога ќе биде загреана ставете го лебот да се пече, а во исто време истурете на дното од рерната едно ракиено чаше вода и одма затворете ја рерната, пареата да остане внатре. Ќе се добие крцкава коричка. Печете дваесетина минути.