Полнета вратна кременадла со коричка од црн бибер
1. На вратните кременадли им се отстрануваат коските и се чукаат многу тенко.
2. Топеното сирење се разматува и и се додава малку вода ако е потребно. Се додава сол, црн бибер и мајчината душичка, сето се промешува заедно и му се додаваат тенко насечканите печурки и маслинките, се промешува повторно да се соедини.
3. Филот се става на едниот крај од кременадлата и се витка како сарма, се заврзува со конец или се затвара со чепкалки за заби.
4. Јадро мелениот црн бибер заедно со мајчината душичка и солта се промешуваат и во смесата од зачини се валкаат полнетите кременадли.
5. Кременадлите се запечатуваат од сите страни во тавче на силен оган и потоа се доготвуваат во рерна загреана на 220 степени за 20-25 минути.
6. Полнетите кременадли се оставаат да одморат 10-ина минути и потоа се сервира.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови