Испечати

Полнета вратна кременадла со коричка од црн бибер

Полнета вратна кременадла со коричка од црн бибер

Состојки

  • 4 свински вратни кременадли
  • Фил
  • 250 гр. свежи печурки
  • 100 гр. топено сирење
  • По потреба мајчина душичка, сол, црн бибер
  • 15 маслинки без коска
  • За валкање
  • 2 мали лажици јадро мелен црн бибер
  • 1/4 мала лажица сушена мајчина душичка
  • По потреба сол

Подготовка

1. На вратните кременадли им се отстрануваат коските и се чукаат многу тенко.
2. Топеното сирење се разматува и и се додава малку вода ако е потребно. Се додава сол, црн бибер и мајчината душичка, сето се промешува заедно и му се додаваат тенко насечканите печурки и маслинките, се промешува повторно да се соедини.
3. Филот се става на едниот крај од кременадлата и се витка како сарма, се заврзува со конец или се затвара со чепкалки за заби.
4. Јадро мелениот црн бибер заедно со мајчината душичка и солта се промешуваат и во смесата од зачини се валкаат полнетите кременадли.
5. Кременадлите се запечатуваат од сите страни во тавче на силен оган и потоа се доготвуваат во рерна загреана на 220 степени за 20-25 минути.
6. Полнетите кременадли се оставаат да одморат 10-ина минути и потоа се сервира.