Крцкава пица со шери домати и моцарела
Од состојките за тесто замесете меко тесто и оставете го да отстои 1 час.
Во огругол плех ставете хартија за печење.
Попрскате ја хартијата со масло, нанесете ја презлата, крупната сол и шери доматите исечени на половинки.
Одозгора нанесете го тестото кое претходно со раце е развлечено во форма на пица.
Печете на 250 степени, 20 минути (зависно од тоа како пече рерната).
Потоа извадете ја пицата, превртете ја, отстранете ја хартијата за печење и нанесете ја моцарелата исечена на парчиња и вратете ја во рерна уште една минута за да се стопи моцарелата.
Послужете ја топла.
Кога станува збор за пица секогаш експериментирам со состојките кои ги нанесувам. Овој пат се одлучив за едноставни состојки, може изгледа сиромашна по состојките, но вкусот барем мене ме бендиса многу.
Лиценца: Сите права се задржани
Da si napravis, so ili bez piperce, navistina e preubava pica...