Лахмаџун (Турска пица)
Лахмаџун или Турска пица е традиционално турско јадење.
Се подготвува на средниот начин
Ситно се сецка кромидот и лукот (може и да се изрендаат за да подобро се измешаат во смесата). Се додаваат во меленото месо, заедно со доматниот сос и салцата (може да се користат и ситно сецкани домати наместо салца). Се додаваат зачините и сето тоа се меси. Се додававаат и две лажици брашно за да смесата биде поцврста.
Тестото се замесува слично како за пица и се расукува на тенки округли кори, на кој се премачкува тенок слој од филот.
Потоа се пече во рерна на 200 степени, околу 10 минути, додека да зарумени.
Одкако ќе се испече, се расекува на четвртинки, одозгора се става ситно сецкана марула или може рендана зелка, морков и сл. зеленкук по избор, се цеди лимон врз сето тоа, се мота во ролат и се јаде во комбинација со ајран (матеница).
Пријатен апетит
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор-Сподели под исти услови
Уште поинтересно е дека токму истиот ден ние подготвувавме Видео рецепт за нашата верзија на Лахмаџун :) Очекувајте го во скоро време :)
позз
има се' по дома, башка утре доаѓаат гости, си нарачаа мекици, ама ќе им го утрапам и ова, кој ги врти :) :) :) :)
ТРИ ДЕНА ЖЕНКА ТРИ!!! :) :) :) :)