Лазања со мелено месо и бешамел
Најпрвин подгответе го филот
Во тава на оган ставете малку масло и додајте го ситно сецканиот кромид и ситно изренданиот морков. Кратко запржете и додајте го месото. Налејте и малку вода(околу 100мл). Пржете додека месото убаво не ја промени бојата, а потоа во тавата додајте ги посебно спржените шампињони. Зачинете со мешан зачин и црн бибер и убаво измешајте.
Бешамел
Во тенџере на оган ставте го путерот да се топи. Откако ќе се растопи додајте го брашното и убаво измешајте. Додавајте го постепено и стопленото млеко( но не зовриено) и постојано мешајте со жица. Откако ќе се згусти сосот изрендајте малку морско оревче, посолете и сосема малку наросете црн бибер.
Во огноотпорен керамички сад ставете малку од бешамелот, потоа ставете еден лист лазања и нанесете пак бешамел. Ставете од филот и посолете со пармезан. Пак ставете еден лист лазања, потоа бешамел, фил и пармезан. Повторете ја постапката додека се потрошат листовите лазања. На последниот лист ставете бешамел и пармезан.
Печете на 200 степени 30 минути.
Лиценца: Сите права се задржани