Ова на драго срце би го нарекла и мојата лазања за двајца.

Плочките за лазањи малку треба да се подварат некоја минутка во вода во правоаголен калап во кој обично печам векнички ја правам оваа мини доза,точно за 4 реда од лазањата и плус 2 плочки ги сечам на половина за недостатокот од 10 тина см. во должина.
Делот со мелено е вообичаен, кромидот насечкан, се запржува, се додава меленото и тоа да запржи, доматната салса и зачини на крај. Нека се фино прокрчка кратко и се трга настрана.

За белиот дел
Се топи путерот,се додава брашното, малку да ја промени бојата и се става млекото. Се меша постојано и малку подоладено настрана во калапот каде ќе се печи се тура на самото дно 3-4 лажици сос, остатокот се става во блендер се додаваат топените сирењаи се заедно се миксира. Се реди кора,бел фил, траки кашкавал, сос од мелено, повторно се повторува ..кора...бел фил...кашкавал...сос од мелено. Најгоре четвртата кора треба да е целосно со бел сос.

Се печи на 180 во рерна под фолија, при крај на печењето се вади фолијата по желба се става кашкавал само да се растопи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови