25
ное
2020
Лазања од макарони и мелено месо
Прво подгответе го месото.
Во сад, ставете го кромидот и морковот испржете го кратко, па додајте го месото и пржете додека не ја промени бојата.
Додајте го доматниот сос и оставете додека течноста не испари. Зачинете.
Во меѓувреме ставете ги макароните да се варат.
Кога ќе се готови исцедете ги. Додајте ја павлаката, јајцето и ренданиот кашкавал.
Во стаклен сад, ставете ги пола од макароните, ставете одозгора од филот од меленото месо, па одозгора другата половина макарони.
Печете на загреана рерна на 200 степени околу 40мин.
Доколку сакате, на крај печење ставете рендан кашкавал одозгора па врете да се допече.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови