Лазања на мој начин
Кромидот, морковите и месото ги ставаме во тава за пржење. Пржиме додека кромидот и морковите не омекнат, а месото додека не порумени. Потоа во тавата го додаваме доматното пире, мелениот лук, посолуваме и наросуваме со мелен црн пипер. Оставаме да покрчка на оган уште околу 10 на минути, потоа тавата ја тргаме од оган.
Лазањата во намастен огноотпорен сад ја редиме во следниот редослед
најпрво корите за лазања, па врз кората расподелуваме неколку лажици од смесата со месо, па неколку лажижици од сос бешамелот, наросуваме од ренданиот пармезан и повторно ставаме одозгора друга кора и се така додека не завршат корите. Кога ќе се стави последната кора повторно нанесете по истиот редослед само на крај убаво наросете од пармезанот.
Лазањата печете ја 45 минути на 180 степени .
Добар апетит.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови