Лажни буречиња со праз и урда
Прво на загреано масло се пропржува празот.
Се зачинува, се додаваат јајцата и урдата.Тоа е фил 1.
Потоа во друг сад се ставаат јајцата, урдата и солта и се прави филот 2.
Препорачувам да се користат многу тенки кори.
Овие јас ги купив кај стара рампа во Скопје (не сакам никого да рекламирам) и беа фантастични.
Во 500 гр имаше 25 кори.
Исто со 25-26 кори може да се најдат на пазарот во Прилеп.
Обично во 500 гр кори има од 13-17 кори.
Сега во еден сад се ставаат состојките за кашичката, се соединуваат со миксер и се остава смесата да одмори 10 минути.
Се зема една кора со четка се премачкува со кашичката, на крајот се става фил од праз се витка во ролатче и се формира полжавче.
Така постапете се додека имате од филот со праз.
Понатаму постапката е иста.
Јас корите ги пресеков на половина, ги премачкував со кашичка, фил, па се витка ролатче, па полжавче. Да се разликуваат праз и урда фил.
Се редат во плех.
Со остатокот од смесата по малку се премачкуваат одозгора, се наросуваат со сусам и се печат.
Многу вкусен и брз појадок.
Лиценца: Сите права се задржани
Појадокот испробан и одличен, добредојден во секое време :)