Подготовка

1. Во подлабок сад ги мешаме брашното, пецивото, солта и кокосот.
2. Во друг сад со миксер ги матиме путерот и шеќерот неколку минути. Ги додаваме јајцата, жолчките, медот и ванилата. Матиме уште околу 3 минути.
3. Ги додаваме брашното и кокосовоот млеко на неколку пати, постојано матејќи.
4. Калапот за куглов убаво го премачкуваме со путер и го обложуваме со лебни трошки. Го додаваме тестото во калапот и израмнуваме со лажица. Печеме во загреана рерна на 180 степени, 50-55 минути.
5. Кога ќе се олади колачот го посипуваме со малку мед.

Колачот е превкусен. На здравје!

*чашата е од 250мл

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани