Куглоф со мед и кокос
Состојки
- 250г путер (собна температура)
- 2 чаши кафеав шеќер
- 1/2 чаша мед
- 2 јајца
- 2 жолчки
- 2 лажички ванила арома
- 400г кокосово млеко (течна состојба)
- 3 чаши брашно
- 1 лажица пециво
- 1/2 чаша кокос
- прстофат сол
- путер за премачкување
- лебни трошки за обложување на калапот
- мед за посипување на колачот
Подготовка
Подготовка
1. Во подлабок сад ги мешаме брашното, пецивото, солта и кокосот.
2. Во друг сад со миксер ги матиме путерот и шеќерот неколку минути. Ги додаваме јајцата, жолчките, медот и ванилата. Матиме уште околу 3 минути.
3. Ги додаваме брашното и кокосовоот млеко на неколку пати, постојано матејќи.
4. Калапот за куглов убаво го премачкуваме со путер и го обложуваме со лебни трошки. Го додаваме тестото во калапот и израмнуваме со лажица. Печеме во загреана рерна на 180 степени, 50-55 минути.
5. Кога ќе се олади колачот го посипуваме со малку мед.
Колачот е превкусен. На здравје!
*чашата е од 250мл