1. Во сад ги ставаме јајцата и шеќерите, со миксер матиме до убава пенаста смеса.
2. Го додаваме јогуртот и маслото, а потоа брашното и пецивото (просеани).
3. Во Нутрибулетот ставаме 100 гр. вишни и 3 лажици јогурт, блендираме, а потоа додаваме малку од изматената жолта смеса со јајца, блендираме, добиваме розова смеса.
4. Во намрсен и набрашнет калап за куглоф го истураме жолтото тесто и оставаме мал дел во кој го ставаме изблендираниот розов дел и го мешаме да стане розов.
5. Во кугловот редиме 150 гр. вишни, а потоа го дополнуваме со розовиот дел. Со долго дрвено стапче за ражничиња шариме во кугловот за да се измеша малку розовото со жолтото тесто.
6. Печеме во загреана рерна 50 до 55 минути. Јас печев 30 минути на 200 степени, а потоа уште 25 минути на 190 степени, проверувајќи дали е печен кексот.

- Зависно од вашата рерна печете колку е потребно, проверувајте бидејќи тестото содржи јогурт и бара повеќе време да се испечи.
- Изладен, кугловот посипете го со шеќер во прав или пак прелијте го со чоколадо. Јас не стигнав ништо од ова да направам, се чекаше да се излади и одма да се јаде.
- Маслото го мерев во мерица на која има поделци во милиграми за масло, и на истиот поделок (150 мл.) го мерев и јогуртот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани