Крофниве се совршени! Еднистено некој кој не сака цимет само можи да не сака да ги јади. Толку се заразни, вкусни и траат свежи дури и до 3 дена, па уште по првото испробување веднаш следеше реприза, а на таа уште една реприза за поширокиот дегустаториум, па на крај дури и нарачка и тоа се во не цела недела.
Потребно е само апаратче за крофнички и желба да се направат и пробаат.

Повелете постапката. Многу едноставно
Со миксер се матат јајцето со шеќерите. Постепено прво се додаваат водените, па сувите состојки.
Од смесата се става во загреаниот апарат за крофни, претходно со четче намрсен и се пече.
Печените крофнички откако ќе изладат се премачкуваат прво со стопениот путер, па се валкаат во мешавината шеќер и цимет.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани