20
апр
2015
Експрес крофнички со цимет
Уште едни од оние брзи крофнички за кога ни се јаде нешто благо, а не ни се седи многу во кујна.
јајцата се матат со шеќерот и солта. Се додават ванилата јогуртот брашното и пецивото и на крај циметот и кората од портокал. Се меша убаво да се добие хомогена смеса.
Се пржат во врел зејтин да добијат убава румена боја. Пржени се стават на салфети да го впијат вишокот маснотија. На крај си ги редите во чинија се прелеват со чоколадна глазура и секако се дегустираат.
Лиценца: Сите права се задржани