
Крем супа со ѓумбир, див ориз, печурки и морков
Дивиот ориз пред да се вари треба да одстои во вода 1 час, а потоа се вари 1 час со малку путер. 3 моркови, 1 главица кромид, 200 гр печурки, ѓумбирот и лукот ставете ги исечени на крупно во вода да се варат околу 20 минути со малку сол, масло, зрната бибар, лиситовите ловоров лист и био зачин. Потоа истите заедно со течноста (без ловоровиот ласт) ставете ги во блендер и изблендирајте ги да добиете каша. Остатокот од кромидот, печурките и морковот исечкајте ги на ситно и ставете ги да се пржат за да поруменат. Изблендираните состојки вратете ги во тенџере, додадете го претходно сварениот ориз и испржените состојки, додадете малку кари и исечкан магдонос и варете уште 5 минути за состојките да се соединат. Пријатно јадење!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови