Ориз со печурки, кромид и морков - ундиета, скробен ден (посно)
Идеја за скробниот ден на ундиета. Посно јадење кое можете да си го приготвите и ако не сте на диета. Здраво и вкусно.
Во длабок сад ставете малку масло само на дното да се загрее. Додадете го сецканиот кромид, пропржете го да испари водата. Додадете ги сецканите печурки и пропржете ги и нив. Количината на печурките можете да си ја прилагодите според вашиот вкус. Јас многу сакам печурки, па ставив поголема количина.
Додадете го и морковот изрендан на ситната страна на рендето, промешајте убаво и додаете го и оризот. Нека пропржи се заедно кратко време и додадете ја водата. Зачинете по вкус.
Покријте со капак и нека се вари. Од време на време промешувајте да не загори.
Доколку не сакате масло можете комплетно да го изоставите. Јас го имам приготвувано повеќе пати во длабокиот сад со рачки на Делимано и без масло не лепи воопшто. Само нека е убаво загреано тавчето.
Пријатно јадење, пријатни пости и лесна диета! :)
)
Лиценца: Сите права се задржани
ВЕ ИГНОРИРАМ СО ТОРТИТЕ И ДРУГИТЕ УБАВИНИ :) :) :) :)