Крем кој што го сакаат и големи и мали....
  Подготовка на првиот крем
- На тивок оган во тенџере топете го шеќерот во карамел, тргнете настрана,  додадете го млекото и варете се додека не се стопи карамелот. Додадете го гризот и варете додека се згусти (густина на гриз алвата). Кога е сварен исипете го во сад кој го планирате за овој крем. Садот навлажнете го со вода.

Припрема на вториот крем
- Во тенџере ставете го млекото да зоврие, а за тоа време со миксер изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата, додадете го брашното, измешајте да се спои. Тргнете за кратко тенџерето со млеко настрана, додадете ја смесата, вратете повторно на огнот и варете додека се згусти како пудинг. Вака добиениот крем излијте го врз кремот од гризот.
Нека ви е слатко!

Забелешка
Овој крем можете да го сервирате во разни садчиња, чаши.... тоа е според вашата желба, слободно декорирајте со некое слатко, а супер си е вкусно и вака.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани