Крем од гриз
Состојки
- За првиот крем
- 150 гр. шеќер
- 1/2 л. млеко
- 100 гр. гриз
- За вториот крем
- 1/2 л. млеко
- 2 јајца
- 3 лажици шеќер
- 1 ванила
- 2 лажици брашно
Подготовка
Крем кој што го сакаат и големи и мали....
Подготовка на првиот крем
- На тивок оган во тенџере топете го шеќерот во карамел, тргнете настрана, додадете го млекото и варете се додека не се стопи карамелот. Додадете го гризот и варете додека се згусти (густина на гриз алвата). Кога е сварен исипете го во сад кој го планирате за овој крем. Садот навлажнете го со вода.
Припрема на вториот крем
- Во тенџере ставете го млекото да зоврие, а за тоа време со миксер изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата, додадете го брашното, измешајте да се спои. Тргнете за кратко тенџерето со млеко настрана, додадете ја смесата, вратете повторно на огнот и варете додека се згусти како пудинг. Вака добиениот крем излијте го врз кремот од гризот.
Нека ви е слатко!
Забелешка
Овој крем можете да го сервирате во разни садчиња, чаши.... тоа е според вашата желба, слободно декорирајте со некое слатко, а супер си е вкусно и вака.