Крем колач со кајсии
Најпрво започнете со подготовка на филот.
Пудинзите сварете ги според упатството на кесичката и оставете убаво да се изладат.
Во еден длабок сад изматете го маргаринот со шеќерот. Додадете ги едно по едно јајцата и убаво изработете ги. Ставете го и брашното помешано со прашокот за печиво и матете додека состојките убаво се соединат. Истурете ја смесата во плех во кој претходно сте ставиле хартија за печење. Печете на 180° С 15 минути.
За тоа време, додадете го шмандот (павлаката) во пудингот и убаво изматете со миксерот. Оваа смеса ставете ја врз бисквитот кој се пече, наредете ги половинките од кајсиите врз филот на одредено растојание и продолжете со печењето уште 20 минути. Оставете го колачот убаво да се излади.
Преливот за торти спремете го според упатството на кесичката. Јас го користам сокот од компотот кој го разредувам со малку вода. Откако ќе се излади колачот, прелијте го со топлиот прелив и оставете да се излади некои 15-20 минути. Потоа сечете коцки и уживајте во кремастиот и освежителен вкус на овој колач.
Доколку употребувате свежи кајсии, тогаш излупете ги кајсиите и сечете ги на половинки.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Se nadevam deka ti pomodnav so opisot....bi stavila i slika od kesickata ama ne sum sigurna dali e dozvoleno....