Колач со кајсии и пудинг (без печење)
Прво во округол плех (бр.28,на кој му се тргаат страните) се редат тортичките од кајсија. Јас ги сечев на три дела и така ги редев во плехот.
Потоа во едно тенџере се ставаат 600 милилитри вода и 600 грама кајсии претходно измиени и исечени на парчиња.Тенџерето се става на оган. Кога ќе зоврие се додаваат 3 лажици шеќер и 1 ванила.
Откако ќе врие 3 минути, се додаваат 2 пудинга од ванила измешани со 3 лажици шеќер и 3 лажици вода. Се меша на оган додека се згусни, а тоа е отприлика после 2 минути.
Вака врелиот фил се истура врз наредените тортички од кајсија. Се остава да олади на собна температура, а потоа и половина час во фрижидер.
Кога ќе е изладено, се тргаат страните од плехот
Посебно се матат 2 шлаг креми од ванила со 200 милилитри ладно млеко.
Шлаг кремата се става врз оладениот фил од кајсии.
На здравје.