Подготовка:

1. Најпрво свaрете го пудингот во млекото со шеќерот. Покријте го кога е готов или мешајте го од време на време, за да не фати кора.

2. За тестото најпрво изматете ги белките, додајте ги жолчките, кога ќе се направат снег и редоследно со најмала брзина на миксерот, додајте ги останатите состојки.

3. Намрсете калап 20х20 и истурете половина од тестото. Врз него половина од пудингот, па наредете половикни кајсии над него. Потоа останатата половина пудинг и врз него останатата половина тесто.
Над тестото повторно се редат половинки кајсии, овој пат свртени со внатрешноста нагоре.

4. Се печи на 180С околу половина час. Готовиот колач, кога ќе подолади, се посипува со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови