Испечати

Колач со ванила пудинг и кајсии

Колач со ванила пудинг и кајсии

Состојки

  • За кора
  • 2 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 50 мл масло
  • 100 мл јогурт
  • 5 лажици брашно
  • 1/2 ќесичка прашок за печење
  • За фил
  • 0,5 литри млеко
  • 2 ќесички прашок за пудинг со вкус на ванила
  • 5 лажици шеќер
  • околу 700 гр кајсии

Подготовка

Подготовка:

1. Најпрво свaрете го пудингот во млекото со шеќерот. Покријте го кога е готов или мешајте го од време на време, за да не фати кора.

2. За тестото најпрво изматете ги белките, додајте ги жолчките, кога ќе се направат снег и редоследно со најмала брзина на миксерот, додајте ги останатите состојки.

3. Намрсете калап 20х20 и истурете половина од тестото. Врз него половина од пудингот, па наредете половикни кајсии над него. Потоа останатата половина пудинг и врз него останатата половина тесто.
Над тестото повторно се редат половинки кајсии, овој пат свртени со внатрешноста нагоре.

4. Се печи на 180С околу половина час. Готовиот колач, кога ќе подолади, се посипува со шеќер во прав.