Кремаст колач
Јајцата се матат со шеќерот додека се добие густа пенаста маса.Постепено со лажица седодава брашното измешано со пецивото и со гризот.На крај се додава и какаото и се промешува со лажица.Смесата се дели на пола и се печат 2 кори на хартија во плех бр 40
фил
Се вари густ крем во зашеќереното млеко од пудинзите и нишестето.Одкако ќе се олади кон кремот се додава изматениот маргарин со шеќерот во прав. Филот убаво се соединува, па се додава изматениот шлаг и растопената чоколада. Убаво се мати и се добива густ мазен крем со прекрасен вкус. Се зема една кора,се попрскува со чоколадно млеко, па се нанесува од филот, пак кора и вториот дел од филот. Одозгора може да се стави шлаг крем ама и не мора-декорацијата по свој вкус.
Лиценца: Сите права се задржани
tuka se poznatiot PERNIK na tetka Vanda,polski serniok,makovec i cukrovite na Pan Petar