Kомпот од рерна
Најлесен начин на подготовка на компот без варење на теглите, виткање во весници или крпи.
Овошјето убаво се мие. Праските се лупат и се сечат на парчиња-кај мене обично на четвртинки или осминки ако се поголеми. Се реди овошјето во тегла до пола и во секоја тегла се наросуваат 4 лажици шеќер. Теглата се дополнува со вода но не до самиот врв туку се остава празен простор од околу 2 прста за да има каде да врие. Се затвараат теглите и се редат во плех па во рерна. Рерната се уклучува да грее прво 20 минути на 30 степени потоа се зголемува на 50 околу 15 минути и на 100 додека зоврие околу 30 минути .Се зголемува до 150 степени и седи така околу 30 минути и потоа се исклучува. Теглите се оставаат во исклучена рерна додека сосема не се оладат.
Овој компот може да се прави и со секое друго овошје-вишњи,сливи,круши...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела
Како награда за оваа фантастична бројка на рецепти и подаруваме Делимано Фестиво електрична тава http://links.delimano.com/c/1154144
А компот јас спремам на рингла, ама не ги виткам теглите ни во крпа, ни во весник. Ги ставам во длабоко тенџере, полно со вода до таму кај што се полни и теглите. Само долу ставам една здиплена крпа на целата површина на тенџерето. Ги варам 30 минути откако ќе зовријат и ги оставам да се оладат во водата.
i ke treba da ja probam ova recepta
Cestitki za jubilejot i sozdravje da si ja sluzis nagradata. :) :))
баш вчера ги гледав комшиите како го спремаа компотот од праски. мераклиски насечени на ситни парчиња, еден куп тегли спремани на масата, а во мегувреме жената го палеше огнот за да ги варат. прашав, што што ќе им се толку многу тегли? рекоа дека внукот им нарачал. на зима отвора по една тегла, ја блендира и пие чист густи сок. еве, како идеја, начин како да се искористи рецептот од мојот комшилук :) а јас? јас ќе ви дојдам на гости :)
и браво за 200те рецепти.
инаку, живот си ми спасила со начинов. сега гледам дека имало финтица всушност. мене тетка ми ми рече само да наредам, да вклучам, да зоврие, гасам и оставам до сабајле, ама искрена да бидам не успеа баш нај нај. сега се утешив дека не било до мене :) :) :) :)
A jde povtorno na druzba:)