Компир - пилешко со кари
Ова е само склопот на роти палачинките се рзабира незадолжително, одлично се вклопуваат вкусовите.
Компирите се лупат, сечкаат на покрупни парчиња и се ставаат на оган во вода да се изварат некои 20мин. односно да се полуварени.
На оган во сад со врело масло се пржи кромидот, пилешкото сечено на парчиња скоро исти како и компирот.
Се ставаат сега и цедени од водата компирите, нека се пржат заедно малку, се додава лукчето, кога си пушти арома, се налева зачинета водата (ставив сув зачин) иако само со сол би требало. Се додава ситно сечкано пиперчето, кари. Оставаме да се крчка така под капак додека не испари скоро цела течност, нека остани малку сос, тогаш се додава магдоносот и се трга на страна. Ете така јас комбинирав еден сосема поинаков оброк од секојдневниот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови