Кафеав пандишпан

Изматете ги пенесто јајцата и шеќерот.
Додајте ги брашното измешано со пецивото и какаото и на крај сецканиите ореви.
Со жица убаво изматете.

Изматената смеса печете ја на двапати(или одеднаш. па откако убаво ќе се олади пресечете го на половина)
Печете на 180 степени, 15-20 минути.

Жолт пандишпан

Пенесто изматете ги јајцата и шеќерот.
Додајте го маслото, брашното измешано со пецивото и убаво со жица изматете.
Печете во истиот плех во кој се печел кафеавиот пандишпан, на 180 степени, 15-20 минути.

Кафеав фил

Мелените ореви попарете ги со топлото млеко.
Посебно изматете го путерот со шеќерот во прав.
Додајте ги попарените ореви и претходно растопеното и изладено чоколадо.
Со миксер на најмала брзина изедначете ги смесите.

Жолт фил

Во сад растворете го прашокот за пудинг, густинот, 2 лажици шеќер со малку од млекото.
Останатото млеко со ванилата ставете да се загрее до зовривање.
Додајте ги растворените густин и пудинг и жолчките и мешајте со жица додека кремот се згусти.
Во толпиот крем додајте го белото чоколадо, измешајте и оставете да се олади.

Настрана изматете го путерот со шеќерот во прав.
Додајте го оладениот крем и со миксер соединете ги убаво.

На подлога за торта ставете еден кафеав пандишпан.
Нанесете од кафеавиот фил, потоа ставете го жолтиот пандишпан.
Одозгора ставете го жолтиот фил.
Поклопете со кафеав пандишпан и целата торта премачкајте ја со преостанатиот кафеав фил.
Одозгора тортата посипете ја со ливчињата бело чоколадо.

Пред служење ставете ја малку да отстои во фрижидер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани