Загрејте го млекото со водата и путерот.
Додајте половина од шеќерот и ванилата.
Оставете да дојде до зовривање.
Откако ќе зоврие додајте го гризот и мешајте додека смесата се згусти.
Тргнете го тенџерето од оган и додајте ги претходно изматените јајца со другата половина од шеќерот.
Додајте ја и рикотата и убаво со мешање соединете ја смесата.
Претурете ја вака подготвената смеса во округол калап со обрач обложен со хартија и печете на 180 степени, 40 минути.

Откако ќе се испече оставете да се излади и посипете со сируп од цреши.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани