16
фев
2022
Колач со рикота
Едноставен, но многу вкусен колач. Едноставно се топи во уста. Идеален за со кафе или чај.
ПодготовкаЧ
1. Со миксер убаво изматете ја рикотата, шеќерот и ванилата. Со постојано матење додавајте ги јајцата(едно по едно). Во млаз додајте го маслото. На крај додајте го брашното и пецивото. Измешајте со жица за матење.
2. Калапот за печење(26цм) премачкајте го со масло и набрашнете. Истурете ја смесата во калапот и убаво израмнете. Печете на 180 степени, 30-35 минути. Откако ќе се олади посипете со шеќер во прав.
Забелешка
За колачот користев помали јајца.
Доколку користите поголеми јајца може ќе ви треба малку повеќе брашно.
Смесата треба да е како крема.
Лиценца: Сите права се задржани