Кокос-банана крем
Одделете дел од млекото за во него да го растворите густинот.
Бананата испасирајте ја и заедно со млекото, слатката павлака и шеќерот ставете ги на умерен оган до точка на почетно вриење.
Додадете го растворениот густин, па за кратко време и кокосот и путерот. Мешајте цело време и откако ќе згусни (за брзо) тргнете го садот од оган и додадете го чоколадото иситнето на коцки.
Промешајте да се стопи и истурете во плитки чинивчиња предходно исплакнати со ладна вода.
* Бидејќи не сум голем љубител на банани во десертите, во намера сум сладниот пат да го пробам со друго овошје...некое од тие на сликата на пример во замена со напишаната грамажа.
** Рецептот неодоливо ме потсетуа на Кокосовиот крем на Лилјана кој ќе го испробам некоја следна прилика, па ќе си споредам за фаворит *_*
Лиценца: Сите права се задржани
Мајушка, мислам дека изгледот повеќе асоцира на бебешка, ама состојките не би ги дала на баш сите на бебе ;)