Испечати

Кокос-банана крем

Кокос-банана крем

Состојки

  • 200 мл слатка павлака
  • 200 мл млеко
  • 1 банана (120 гр)
  • 3-4 лажици шеќер
  • 1 лажица густин (нишесте)
  • 1 лажиче путер или маргарин
  • 100 гр кокос
  • 50 гр бело чоколадо

Подготовка

Одделете дел од млекото за во него да го растворите густинот.
Бананата испасирајте ја и заедно со млекото, слатката павлака и шеќерот ставете ги на умерен оган до точка на почетно вриење.
Додадете го растворениот густин, па за кратко време и кокосот и путерот. Мешајте цело време и откако ќе згусни (за брзо) тргнете го садот од оган и додадете го чоколадото иситнето на коцки.
Промешајте да се стопи и истурете во плитки чинивчиња предходно исплакнати со ладна вода.

* Бидејќи не сум голем љубител на банани во десертите, во намера сум сладниот пат да го пробам со друго овошје...некое од тие на сликата на пример во замена со напишаната грамажа.
** Рецептот неодоливо ме потсетуа на Кокосовиот крем на Лилјана кој ќе го испробам некоја следна прилика, па ќе си споредам за фаворит *_*