Подготовка:

1. Се матат убаво јајцата шеќерот и ванилата, па се додаваат течните состојки. На крај се додава брашното со пецивото, па гризот и кокосот.

2. Смесата се истура во намастена тава и се печe на 190С околу 30на минути (проверете со методот сува чечкалица).

3. Додека се печe кексот, се спрема шербетот кој може да го оставите една минута на рингла додека врие, па се трга да подолади.

4. По 10-15 минути се прелива кексот со шербетот и откако ќе се впие се премачкува одозгора со карамел фарситурата.
Се остава да излади и се сече на посакуваните парчиња.

Забелешка: Семолината за бебиња со вкус на банана слободно може да ја замените со иста количина гриз.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови