Испечати

Раванија со кокос и семолина за бебиња, со вкус на банана

Раванија со кокос и семолина за бебиња, со вкус на банана

Состојки

  • коистена чаша од 200 мл, но можите да користите и од 250 мл ако сакате
  • 3 јајца
  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша млеко
  • 1 чаша масло
  • 1 чаша брашно
  • 1 чаша семолина за бебиња со вкус на банана
  • 1 чаша кокос
  • 1 пакетче прашок за печење
  • Шербет
  • 2 чаши шеќер
  • 1,5 чаша вода
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • За премачкување
  • 6 полни лажици карамел фарситура

Подготовка

Подготовка:

1. Се матат убаво јајцата шеќерот и ванилата, па се додаваат течните состојки. На крај се додава брашното со пецивото, па гризот и кокосот.

2. Смесата се истура во намастена тава и се печe на 190С околу 30на минути (проверете со методот сува чечкалица).

3. Додека се печe кексот, се спрема шербетот кој може да го оставите една минута на рингла додека врие, па се трга да подолади.

4. По 10-15 минути се прелива кексот со шербетот и откако ќе се впие се премачкува одозгора со карамел фарситурата.
Се остава да излади и се сече на посакуваните парчиња.

Забелешка: Семолината за бебиња со вкус на банана слободно може да ја замените со иста количина гриз.