Евтина и брза парена торта, раванија со додаток на кокос, која верувам дека особено на љубителите на кокос ќе им се допадне. Подготовката е брза и лесна.

1. Прво започнуваме со подготовка на пандишпанот. Во длабок сад за матење ги миксираме јајцата со постепено додавање на шеќерот и ванилите до згуснување. Потоа ги додаваме состојките по следниот редослед - масло, млеко, гриз, кокос - миксираме. На крај го додаваме брашното претходно соединето со пецивото и убаво соединуваме со рачна маталка.

2. Смесата за пандишпан ја истураме во тавче број 30 (намрсено со масло и набрашнето). Печеме во загреана рерна на 200 степени (проверуваме со чачкалица) јас печев околу 25-30 минути. Испечениот пандишпан нека олади, па го сечеме на парчиња.

3. Подготовка на шербетот. Наведените состојки (освен сокот од лимон) ги ставаме во касерола на огин. Нека зоврие, па вариме 10 минути на умерена температура, а 2-3 минути пред крајот го додаваме сокот од лимон.

Забелешка - Шербетот нека олади 5 минути, па го ставаме врз сечениот пандишпан, не со кутлача и наеднаш, туку пополека, лажица по лажица со цел да не се оштети горната кора.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани