30
мај
2013
Кокосинки
Се матат јајцата со шеќерот. Потоа во нив се додава кокосот и се промешува со лажица. Количината на кокосот зависи од големината на јајцата.
Значи треба да се добие густа смеса. Од смесата се прават топчиња со големина на орев. Топчињата се ставаат во тава обложена со хартија.
Се печат на 180 степени околу 15 минути, додека да добијат румена боја.
По желба можат и на крај и да се чоколадираат.
Од оваа смеса излегуваат 70 колачиња.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Многу убаво изгледаат. :)
Eve vaka mi islegoa po receptot tvoj, napraviv pola doza....so 200 gr. kokos nemozev da formiram topcinja, nekako tecna bese smesata za topcinja. Ama vkusni se! :)
ги направив, беа топчиња и некаде на сред печење се сплескале. ама не им простив и ги казнив со инстантно прејадување. на гостите им оставив само 5-6 ( не лажам) :) :) :) :)
следниот пат повеќе кокос ќе ставам. ми личеа ок, ама ете, не биле :)